БОЖИНОВСКА: Богданка Кузеска пак излезе со неточни информации во јавноста, очекувам извинување
Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска побара извинување од портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска за како што наведе изнесените клевети во јавноста.
„Богданка Кузеска пак излезе со неточни информации во јавноста. Прво не знаеше точно кои се кадрите во управните одбори, сега излегува во јавност и зборува за наводна пресуда за мене што во реалност не постои. Ако има таква пресуда нека ја објави јавно. Но бидејќи такво нешто нема, очекувам извинување за нанесените клевети во форма и на начин како што ги објави неточните информации на прес конференција“, пишува таа.
Претходно, СДСМ ја обвини Божиновска дека нејзини фирми или фирми блиски до неа на МЕПСО му должат 1 милион евра и дека фирми од кои била дел и Божиновска формирале картел со намера да ја диктираат цената на увозот на струја на тендерот на ЕЛЕМ спроведен во 2012 година.
Слично
