Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОЖИЌ НОСИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: снег и минусни температури, еве ги деталите

БОЖИЌ НОСИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: снег и минусни температури, еве ги деталите

Метеорологот Славчо Попоски најавува преодна краткотрајна стабилизција на времето, но посочува дека за Божиќните празници повторно ќе имаме голема промена на времето и изразена циклонска активност со центар над Јадранот. 

- Токму ова најпрвин во сабота (за Бадник) и тоа особено од вечерните и ноќните часови кон недела ќе услови да има поинтензивни врнежи од дожд и тие ќе продолжат и во недела. Снег ќе врне само на највисоките планини - пишува Попоски.

Сето ова ќе биде проследено со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Веќе од понеделник, и тоа поради продор на многу постуден воздух од Арктикот, во Македонија очекуваме големо заладување, северен ветер, и врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и во повисоките населени места. На планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка.

- Во понеделник попладне и во вечерните часови локално провејување на снег ќе има и во градовите.

Од вторник ќе имаме постабилно и релативно суво време, но многу студено, особено наутро кога минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу, па и под -10 степени. 

Студено ќе биде  и преку ден, па така и  максималните дневни температури на многу места ќе се искачат само за некој степен над нулата. Понекаде тие ќе останат до околу, па и под нулата - посочува меторологот.

Во Скопје  и околината со ова заладување кое се очекува од понеделник, провејување на снег ќе има во повисоктите предели од котлината. На околните планини очекуваме формирање и на снежна покривка.

Да напоменеме дека со оваа циклонска активност, локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 л/м2).

За разлика од кај нас, во земјите од регионот ќе биде уште постудено, но ќе има и повеќе снег.


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести