Економија, финансии, бизнис

Контакт

Божидар Божиновски: Во Будимпешта сум, уствари не, може ќе се вратам ко Мијалков вчера

Божидар Божиновски: Во Будимпешта сум, уствари не, може ќе се вратам ко Мијалков вчера

Состојбата се искомплицира, јас сум во Будимпешта. Уствари не сум, само не сум на фејсбук, благодарам за сите што прашаа дали е цензура, не е, и дали сум добро и тоа не, вели за Фактор, Божидар Божиновски, македонски писател и сценарист, активист на социјалните мрежи. 

Во изминатите денови откако стана јасно дека Сашо Мијалков не и достапен на полицијата Божиновски, познат и како Моџо Клингтон напиша доста статуси на таа тема, но вчера наеднаш го снема од социјалната мрежа фејсбук. Поради ова, многумина коментираа и се прашуваа зошто неговиот профил не е достапен.

Во изјавата вели дека сам го деактивирал профилот, односно дека не станува збор за цензура.

„Не може човек кој има во себе гнев, омраза, отров и беспомошност да е добро. Ама ќе помине. Ионака има многу омраза по социјалните мрежи, дополнителна нема потреба. Ако станам подобар човек ќе изненадам со враќање ко Мијалков вчера, ако не има таму многу подобри и попаметни од мене од кои може да научите нешто. Фејсбук не е живот, животот не е Фејсбук. Следачи и слично не значат ништо и престанете да им давате на значење на луѓе ко мене додека најдобрите се на маргините и надвор од државата. Затоа што не е нормално да ве интересира зошто го нема тип шо има телефон и истата апликација како вас, вели Божиновски.

Слично

Поврзани вести