Бовин: Вранец на престолот
Винаријата Бовин од Неготино, прва приватна од Македонија, за неполни две децении постење може со многу работи да се пофали и со тоа дека благодарение на неа, вранецот е на престолот на македонското винарство, пишува vino.rs.
Како мал куриозитет додавме дека најскапите вина од Македонија доаѓаат од нивниот подрум, и тоа не едно, туку три вина. Бовин е првата македонска винарија која успеа да пласира вина на соседниот грчки пазар, резервирано со ознака Made in Macedonia!

Но, се почнало како мала игра на судбината во која се нашле двајцата браќа, Кирил и Ѓорѓи Богевски.
„Околу нас цел живот имаше лозја, јас сум роден во Кралскиот подрум Демир Капија, така што тоа е судбина. Сакаме вино откако знаеме за себе, и дома правевме по тон или два за пријателите затоа што беше дозволено да се продава. Кога почнавме да го градиме Бовин, многумина се сомневаа дека ќе опстане, затоа што покрај нас е Тиквеш со 55 милиони литри, Поварадие со 30 милиони, или скоро 100 милиони литри во опкружувањето. Но, размислував како економист, нема смисла да работат бизнис за две марки, но за десет има. Така нашето вино во старт беше пет шест пати поскапо од она на Тиквеш. Нивното Тга за југ 2 марки, а нашето 10. Тоа ги охрабри и другите и така се создаде винската цена во Македонија“- вели Кирил, постариот од двајцата браќа.
Кирил инаку е економист и работел 20 години во фабрика за кабли, додека не го пронашол својот вински пат.
Денес многу љубители на вината „Бовинов пат“, го препознаат вранецот со етикета My Way, до неодамна најскапо вино во Македонија, а веројатно и во регионот со цена од 150 евра.
Денес тој рекорд го држи виното Era, исто така нивно вино, за кое треба да се одвојат цели 250 евра, а во високата ценовна категорија се наоѓа и A'gupka со цена од 50 евра.
Овие две последни вина се од бербата 2012 година, додека My Way и Bovin се од 2011 година.
„Не е тоа желба за богатење, туку пат за устоличување на сортата вранец меѓу балканските вина“ - вели Кирил.
Тој додава дека имаат доста купувачи и во Македонија.
Во приказната за овие единствени вина од Македонија се вклучува и енологот Борис Нечев, кој вели дека цените не се одредуваат од око, туку дека тоа е макотрпна работа.
Целиот текст прочитајте го тука.
