Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОТАНИЧКА ГРАДИНА ЌЕ НИКНЕ ВО ЗОО СКОПЈЕ - Град Скопје најавува новина

БОТАНИЧКА ГРАДИНА ЌЕ НИКНЕ ВО ЗОО СКОПЈЕ - Град Скопје најавува новина

Нова Ботаничка градина најавува градот Скопје. Според соопштението кое го испратија од град Скопје, Скопјани добиваат нова Ботаничка градина која ќе се простира на 12.600 квадратни метри, и во која ќе бидат засадени над 4.600 уникатни дрвја и садници. 

- Во Ботаничката градина ќе се постават видиковци, нова урбана опрема и бројни други содржини за посетителите. 

Предвидено е во градината, која ќе биде во рамки на Зоолошката градина во Скопје, да има автохтони видови растенија кои се природно распространети во Македонија, како и алохтони видови, односно растенија внесени однадвор. Исто така, ќе има и ендемични растенија специфични само за Македонија - се наведува во соопштението од град Скопје.

Од таму додаваат дека подигнувањето на Ботаничката градина ќе биде од исклучително значење за граѓаните љубители на природата и на природните науки, бидејќи на едно место посетителите ќе може да ги видат содржините на Природно-научниот музеј, Зоолошката и на новата Ботаничка градина.

- Реализацијата на овој проект е дел од програмата „За Модерно Скопје“, за подигнување нови зелени површини, затоа што Скопје  и неговите граѓани заслужуваат модерни и еколошки содржини кои ќе придонесуваат за унапредување на животната средина - се додава во соопштението.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести