Бошњаковски: Смената на Рашковски е од технички аспект
Смената на Рашковски како владин претставник во Македонски телеком е техничка, посочи владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес конференција одржана по вчерашната седница на Владата на РМ.
„Имајќи го во предвид обемот на активности Владата смета дека советникот за правда на премиерот соодветно ќе одговори на оваа позиција. Се работи само за замена од технички аспект“ одговори портпаролот Бошњаковски на новинарско прашање.
Таа беше и застапник на СДСМ во приговорите пред ДИК за изборите, па сега ќе ја претставува владата во телекомуникацискиот оператор Македонски телеком, функција која нема извршно или раководно дејство, но носи свои бенефиции и придобивки.
Слично
