Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бошњаковски: Посетата на Koѕијас е чекор напред

Бошњаковски: Посетата на Koѕијас е чекор напред

Посетата на шефот на грчката дипломатија,  Никос Коѕијас на Македонија е чекор напред кон конечно решавање на спорот, изјави денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски. 

Точниот датум за доаѓањето на Коѕијас засега не е утврден, но се очекува тој во Скопје да пристигне во наредната недела.

Тој повтори дека секое решение за спорот ќе оди преку медијаторот на ОН, Метју Нимиц и оти тоа ќе биде постигнато со заеднички компромис во интерес на двете страни.

Грчките медиуми постојано пишуваат за преговорите и според нив Коѕијас ќе биде во Скопје на 22 и 23 месецов. 

Слично

Поврзани вести