Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бошњаковски: Оставката на Саљији нема да ги закочи реформите

Бошњаковски: Оставката на Саљији нема да ги закочи реформите

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес конференција го изрази владиниот став дека оставката на министерот за правда Билен Саљији нема да влијае врз спроведувањето на реформите. 

Судската власт е независна и таква треба да остане, а на реформите на правосудството оставката на сега веќе поранешниот министер за правда Билен Саљији нема да влијае, бидејќи во ниту еден момент ништо нема да биде закочено, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес-конференцијатата во средата, одговарајќи на новинарско прашање/

Бошњаковски нагласи дека оставката на Саљији, како што тој самиот кажа е „негов личен чин, бидејќи чувствува морална одговорност за губење на довербата во однос на одредени делови на реформите на правосудствотои за малиот Алмир“.

Бошњаковски не коментираше дали веќе се размислува за кандидат кој би го пополнил испразнетото министерско место за правда и на која партија од владината коалиција ќе и припадне.

Слично

Поврзани вести