Бошњаковски: Не се разговара за потенцијално име
Не се разговара за потенцијално име, изјави денеска на прес-конференција владиниот портпарол, Миле Бошњаковски во врска со разговорите меѓу Скопје и Атина за решавање на прашањето за името.
„Се гради довербата меѓу двете влади, нов момент на пријателство“ - вели тој.
Одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, Бошњаковски потенцира дека целта е прашањето да биде решено во интерес на сите.
„Преговорите се водат под покровителство на Обединетите нации, со посредство на Метју Нимиц. Процесот е јавен и транспарентен. Сè додека нема ништо конкретно и специфично нема да лицитираме со потенцијални имиња“- рече Бошњаковски.
Грчките медиуми досега пишуваа за неколку предлози како Нова Македонија, Горна, Северна Македонија и Централна балканска република.
Слично
