Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бошњаковски: Не мора да се продава „мерцедесот“ за нови амбулантни возила

Бошњаковски: Не мора да се продава „мерцедесот“ за нови амбулантни возила

Миле Бошњаковски, портпаролот на Владата, на денешната прес-конференција наведе дека од 20 амбулантни возила за Брза помош кои ќе ги добие Министерството за здравство, 12 од нив ќе бидат целосно нови и купени од прва рака. Ова владиниот гласноговорник го истакна, одговарајќи на новинарско прашање зошто се штеди на нови возила за итна помош кога истовремено директори и градоначалници преку тендери набвавуваат скапи лимузини.

- Се набавуваат 12 целосно нови возила. Значи, не станува збор само за комбиња кои се донација од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од таму ќе се донираат осум комбиња кои се речиси неупотребувани, неискористени, и тие ќе бидат пренаменети за Брза помош. Од друга страна, освен нив, ќе се купат 12 целосно нови специјални возила - рече Бошњаковски.

Тој рече дека не треба да се бара продажба на 600.000 евра вредниот „мерцедес“ од случајот „Тенк“ на СЈО за да се купат со тие пари амбулантни возила, бидејќи луксузниот автомобил е потребен во судскките постапки.

- Тој е потребен за судските постапки на СЈО, а кога тие ќе завршат ние ќе можеме да одлучуваме како ќе менаџираме со тоа возило. Инаку оваа Влада се откажа од „мерцедесот“. Премиерот воопшто не го користи - додаде Бошњаковски.

Слично

Поврзани вести