Бошњачката партија бара помош од пратениците Мухиќ и Рамчиловиќ
Бошњачкиот демократски сојуз достави писмена иницијатива за промена на Изборниот законик на Република Македонија до пратениците од Бошњачка националност во Собранието на Република Македонија.
- Партијата бара промена на Изборниот законик и спроведување на една изборна единица, со што на еден начин би се гарантирало влез на сите етнички заедници во Македонија. Предлог измените се доставени до претставниците на Бошњанците во Парламентот: Ферид Мухиќ и Зекир Рамчиловиќ - се вели во барањето.
Бараат да има уште 17 пратеници во Парламентот и нивниот број да достигнува 140. Во рамките на тие дополнителни 17 места за народни претставници, етничките заедници на Турците, Бошњаците, Србите, Ромите и Власите би имале загарантирани мандати.
