Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОШКОВСКИ, ГРУЕВСКИ, ВОЈМИНОВСКИ:Тројцата со исто име-Никола и тројцата ги бараат органите на прогонот

БОШКОВСКИ, ГРУЕВСКИ, ВОЈМИНОВСКИ:Тројцата со исто име-Никола и тројцата ги бараат органите на прогонот

Тивко и без да види некој избега третиот Никола од Македонија. Никола Војминовски.

Пред него без трага и глас Никола Груевски ја напушти земјата уште не знаеме како, а предходно Никола Бошковски заедно со колегата Горан Грујевски незабележливо избега во соседна Грција каде двајцата беа фатени со лажни пасоши. 

И тројцата ги поврзува едно нешто - по нив МВР трага со меѓународна потерница. 

Едниот, Никола Бошковски слободно се шета во Грција откако грчкиот Врховен суд го одби барањето на македонскотo Mинистерство за правда за екстрадиција.

Никола Груевски пак, ужива политички азил во Будимпешта. Откако пребега кај пријателот Виктор Орбан од време на време се јавува на социјалните мрежи со фејсбук статуси. 

И Никола Груевски, но и Никола Бошковски се “вадат на картата“ дека за нив се води политички прогон во Македонија.

Бошковски и неговиот колега Грујевски  станаа познати откако беа уапсени како Христо Атанасов и Неџби Хасан, лажни бугарски пасoши за што чекаат судот во Солун да почне да им суди. До тогаш остануваат на грчко тло.

Бегалското дуо одбива да се врати во земјава бидејќи против нив се водел политички прогон и не се чувствувале безбедни.

Грујевски и Бошковски се обвинети во случајот „Таргет – Тврдина“, дека прислушувале над 20 илјади граѓани. Сега Министерството за правда останува да каже како ќе ги обезбеди двајцата обвиенти пред судските органи во земјава.

Правда чека одговор од Будимпешта, од Орбан молк за испораката на Груевски

Не се знае како Никола Груевски ќе биде испорачан во државата . Екс премиерот на 13 ноември на Фејсбук објави дека добил политички азил во Унгарија, поради тоа што е жртва на политички прогон во Македонија. Тој вели дека добил информација дека во затвор му се подготвува ликвидација.

Во подолгата објава на неговиот верификуван Фексбук профил, Груевски пишува дека судот и обвинителството се претвориле во „инструмент за политичка уцена и пресметка со политичките неистомисленици“.

„Јас одлучив да се спротивставам на сето ова и со мојот чекор да го издигнам ова прашање на повисоко ниво. Некој може да ме сака или да не ме сака, да се согласува или да не се согласува со мене, да смета дека водам добри или лоши политики, но не може да го негира или да ги затвори очите пред она што се случува во Македонија во овој период, а кое го опишувам“, напиша Груевски.

Во последниот Фејсбук статус тој пак напиша дека е загрижен . Пишуваше за промената на Уставот заради Преспанскиот договор и промената на името, идентитетот, историјата...


Кој е третиот Никола - Никола Војминовски?

По потекло од Гостивар а со живеалиште во Скопје, пред два дена јавноста дозна дека избегал од домашен притвор. По него МВР распиша потерница врз  снова на решение на Кривичниот совет на судот со кое му е определена мерка притвор, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело- Убиство од чл. 123 ст.1 в.в. чл. 19 в.в. чл. 22 од КЗ. 

Се гони за обид за убиство на лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

За Војминовски не се знае каде избегал, ниту како и дали некој му помогнал.

И.С.

Слично

Поврзани вести