Бошковски, Георгиевски и Ангелов ја стокмија третата опција за трка на изборите
Љубчо Георгиевски, Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов ги здружија силите и ја формираа третата опција „ВМРО за Македонија“.
Со оваа коалиција тројцата ќе се тркаат на претстојните избори закажани за 1 декември.
Како што соопштија тие денеска пред очите на јавноста ќе се залагаат за демократизација на државата, влез во Европската унија, пораз на корумпираното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и враќање на старото, автентично членство на партијата.
Ден Донче застанува на чело на изборниот штаб на оваа коалиција.
Тројцата лидери истакнаа дека на нивната коалиција не треба да се гледа низ призмата на СДСМ ниту на онаа на ВМРО ДПМНЕ, туку како трета опција која ќе понуди многу за разочараните членови на ВМРО ДПМНЕ, за луѓето од центарот, а ќе бидат отворени и за сите оние со левичарско размислување.
Насловно фото: Фокус
