Бошковски: Актуелен пратеник од ВМРО ДПМНЕ моли да го примиме во партија
Еден од лидерите на ВМРО за Македонија, Љубе Бошковски во интервју за ТВ 21 вели дека во нивната партија не примаат луѓе инфицирани со груевизмот откривајќи дека актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ моли да премине во коалицијата на Бшоковски, Георгиевски и Ангелов.
Тој потенцира дека нивната цел не била да прибираат членови кои му давале постојана безрезервна поддршка на екс премиерот, ниту пак ќе примат претседатели на месни комитети.
„Не можеме да примиме човек во нашата партија кој е инфициран со груевизмот. Не е целта да добиеме 2-3 парламентарци, а партијата или коалицијата да ни биде изедначена со ДПМНЕ. Не е цел да прибираме членови кои цело време му даваа безрезервна поддршка на Груевски. Рековме дека дури ни претседатели на месни комитети не можат да бидат членови на нашата партија. Сите други можат да дојдат и ќе бидат заштитени од какви било реваншизми. Ова раководство нека си остане нека раководи, во некоја канцеларија, ние сакаме да го заштитиме членството на ВМРО“, рече Бошкоски.
Според него ВМРО ДПМНЕ е завршена работа.Видеото може да го погледнете подолу:
