Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бошкоски ќе поведе иницијатива за измена на Законот за бранителите

Бошкоски ќе поведе иницијатива за измена на Законот за бранителите

Носителот на листата на коалицијата „ВМРО за Македонија“ во изборна единица 5, Љубе Бошкоски денеска во Битола истакна дека откако ќе стане пратеник во Собранието на Република Македонија ќе поведе иницијатива за измена на Законот за бранителите.

Бошкоски објаснува дека новиот закон за бранители ќе биде со поширок опфат и ќе овозможи заштита на сите кои претрпеле штета од татковинската војна во 2001 година.

„Во нашата програма има посебно поглавје посветено на бранителите од татковинската војна во 2001 година. Ние ќе ги реализираме точките од нереализираниот Закон за бранители и да се донесе нов закон со кој јасно ќе бидат опфатени сите бранители, но и жртвите од татковинската војна, инвалиди од таа војна, нивните семејства и други директно или индиректно засегнати лица. Македонија не смее да ги заборави хероите“ - рече Бошкоски. 

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе има средби со граѓани во општина Ѓорче Петров. во паркот на општината во 13.30 часот. 


Слично

Поврзани вести