Бошкоски до Груевски: За разлика од бегалецот, јас исправен пред правдата ги издржав невин единаесетте години
Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски за екс премиерот Никола Груевски рече дека е кукавица, а за себе вели дека е единствен кој невин помина 11 години во затвор.
Бошкоски вели дека Груевски само неколку дена пред бегството зборуваше дека е подготвен да робува за својот народ, за својата Македонија затоа што е невин, а го остави најсветото.

„Јас, за разлика од бегалецот, исправен пред правдата ги издржав невин единаесетте години за моето семејство, кое ми е најсвето и за мојата највозвишена цел – Македонија. Ќе ја прашам будимпештанската кукавица и бегалец: „Од која позиција во разговорите со министерот за надворешни работи и со братучед му, еден од најпознатите балкански и европски криминалци, договараат буквална промена на името Македонија. Па зборуваат… па прашува кукавицата од Будимпешта: Дали сакате, што мислите вие, дали да биде горна, северна, јужна Република Македонија (Скопје)… повторувам, зборувам за кукавицата од позиција на премиер“, рече Бошкоски.
Бошкоски доби ослободителна пресуда во повтореното судење за случајот „Кампања“, во кој беше обвинет за нелегално финансирање на изборите како лидер на партијата Обединети за Македонија, во 2011 година.Груевски ја коментираше ослободителната пресуда за Бошкоски.

„Да бидеме искрени и без иронија, после ослободувањето на Заев и прогласување невин со иста ваква снимка законски прибавена со одлука на обвинител и судија и тоа за барање мито за него лично, оваа одлука и не е баш преголемо изненадување. Мислам дека овие две законски прибавени снимки и двете “невини жртви” ќе влезат во антологијата на македонското судство, еден ден ќе станат и дел од учебниците во некоја земја. Во исто време веќе шест години тече прогонот по судовите на нивните политички противници, на онаа структура која се бореше и ризикуваше со цел да не се прифатат оние услови кои ги бараше Грција, и во тој политички прогон критериумите на обвинителството и судот се многу различни. Тоа не е само казна за нас, туку и покажување на “среден прст” на сите оние кои се спротиставуваа на промената на името, историјата и идентитетот по грчки терк, а уште еден таков чин се подготвува да се случи во следната година, најверојатно по следните парламентарни избори, во изведба на некои други “Љубевци” и “Заевци”, напиша Груевски.
Бошкоски смета дека веројатно е единствениот човек на балканските простори кој невин помина 11 години во затвор, што домашни, што меѓународни судови.
