Босански турист почина на плажа во Охрид
СВР Охрид информира дека босански турист од плажа крај Охридското езеро бил донесен во болница каде била констатирана смрт.
„На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни заболувања Св.Стефан“ бил донесен починат М.С.(65) од Босна и Херцеговина“, извести МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Слично
