Борут Пахор објасни каков компромис им е потребен на Македонија и Бугарија
Претседателот на Словенија, Борут Пахор вели дека е потребен компромис прифатлив за Македонија и Бугарија.
Изјави дека сите ја разбираат сложеноста на процесот, но сепак кај него има оптимизам.
„Ако успееме во тоа, што нема да биде едноставно, тогаш можеме да кажаме дека сме направиле многу за проширувањето на ЕУ во земјите од Западен Балкан, бидејќи ќе ја зајакнеме довербата во веродостојноста на Унијата, која претходно и вети на Северна Македонија дека доколку ги исполни сите услови поврзани со грчката блокада, ќе добие „зелено светло“ за продолжување на преговорите“, изјави Пахор.
Претседателите на Хрватска, Австрија и Словенија – Зоран Милановиќ, Александар Ван дер Белен и Борут Пахор, се состанаа на осмиот годишен состанок на трилатералата во Костањевица на Крка во Словенија.
Милановиќ вели дека на „Северна Македонија не треба и да се поставуваат невозможни услови, кои влегуваат во интимниот простор на нацијата“.
Без отстранување на бугарското вето, Македонија не може да ги почне преговорите со ЕУ.
foto AFP
