Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борко Ристовски: Побарав да не се одржува младинската олимпијада во Македонија

Борко Ристовски: Побарав да не се одржува младинската олимпијада во Македонија

Министерот за спорт Борко Ристовски во денешното интервју за Радио Слободна Европа вели дека побарал од Европскиот олимписки комитет, на неколку месеци пред да започне, да не се одржува младинската олимпијада во Македонија, затоа што земјата ги немала потребните капацитети.

Настанот помина со големи критики од јавноста, но и од самите спортисти-учесници, поради некои незадоволителни услоови, како и поради недоволната промоција на овој настан со масовно учество.

- Јас не сум го кажал во јавноста до сега, меѓутоа ова е убава прилика и благодарам на можноста да го кажам, а тоа е дека Министерството за спорт во месец март или април, не се сеќавам, јас лично имав разговор со претседателот на Европскиот Олимписки комитет во насока да укажеме дека како држава ги немаме тие спортски комплекси кои Олимпискиот комитет и градот Скопје си го преземале како обврска со потпишување на договор за организирање на еден вака голем и масовен настан.

Ние предложивме или да се откаже Олимпијадата што за младинци што се одржува во Македонија, или таа да се редуцира на 1.000 учесници за коишто можеме како држава да дадеме гаранции. Бевме одбиени, бевме одбиени од причина што веќе било премногу касно за да се откаже Олимпијадата за младинци, што е и до некаде разбирливо, меѓутоа имаше обид и кажавме ние дека дека ние немаме капацитет за да за да организираме вака еден масовен настан, вели Ристовски за РСЕ:

Самиот министер признава дека одредени спортски сали немале климатизација и дека за еден ваков настан треба подготовка од страна на министерството од барем две години, а не Град Скопје и од Македонскиот олимписки комитет да бараат помош на неколку месеци пред почетокот.

- Значи, ако мене ме прашувате, кога ќе потпишувате еден ваков договор за сериозна организација, мора државата да даде заедно со градот којшто е домаќин или Олимпискиот комитет да работи на организација барем минимум две до три години, за да се создадат услови за беспрекорно работење или функционирање, одвивање на оваа Олимпијада. Зборувам сега за делот за во одредени сали кај што немаше ладење, да се стават клими уреди да се направи ладење, смета тој.


Слично

Поврзани вести