Борко Ристовски го честиташе празникот
Ракометниот голман Борко Ристовски преку Фејсбук го честиташе Денот на македонската револуционерна борба. Тој сподели фотографија од прославата на празникот од Прилеп, каде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска имаше обраќање. На фотографијата Ристовски е во друштво на поранешната министерка Ганка Самоиловска Цветанова, поранешниот пфетседателски кандидат Сашко Кедев и пејачот Игор Дурловски.
„Успешни и квалитетни луѓе се најлесни за комуникација. Заедно до обнова на Македонија! Честити празник, да живее организацијата, да живее Македонија“, напиша Борко Ристовски.
Денеска е неработен ден во Македонија.

Слично
