Борко Ристовски како сведок за „27 април“: Давав поддршка само преку Фејсбук
Поранешниот голман на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски денеска како сведок на одбраната на обвинетите за организација на крвавиот настан на 27 април 2017 во Собранието рече дека на фамозниот датум не бил во Скопје и дека на движењето „За заедничка Македонија“ му давал смао морална поддршка.
Рече декa не е член на ниту една партија, но оти како Македонец дал поддршка на протестите со статуси на Фејсбук.
- Давав морална поддршка со коментари на Фејсбук како Македонец, сведочеше Ристовски.
Рече дека не ги познава Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, кои инаку се обвинети како организатори.
– Апсолутно не, ниту ги познавам лично Спиро Ристовски и Миле Јанакиески. Ниту пак, некој друг ме контактирал за тоа, рече голманот на РК Вардар.
