Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Борко и Стојанче го продолжуваат дуелот против власта, ја пееја „Бисер балкански“

(ВИДЕО) Борко и Стојанче го продолжуваат дуелот против власта, ја пееја „Бисер балкански“

Двајцата ракометари Борко Ристовски и Стојанче Стоилов, кои важат за најистакнати „патриоти“ во редовите на македонската ракометна репрезентација додека настапуваат на Светското првенство истовремено го продолжуваат и дуелот со владеачкото мнозинство по изгласувањето на уставните измени во Собранието.

Овој пат објавија видео како ја пеат познатата песна „Бисер балкански“ од соблекувалните заедно со останатите членови на националниот тим за кои може да се каже дека, за разлика од Ристовски и Стоилов, се порезервирани.

Вчера министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски им порача на искусните репрезентативци достоинствено да ги бранат боите на националниот дрес и да не разгоруваат политички поделби со своите гестови и изјави на СП.

„Политиката надвор од спортот. Поздрав до репрезентативците - политичари. Доста делби“, напиша Манчевски на Твитер.

Aлександар Кузмановски


Слично

Поврзани вести