Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОРИСОВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВОТ: Toa e aпсолутна првокација

БОРИСОВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВОТ: Toa e aпсолутна првокација

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов ја оцени како апсолутна провокација изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

„Зборовите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски се апсолутна провокација. Не треба да им се обрнува внимание. Тие можат да го прават тоа“, рече Борисов.

Борисов  вели дека бугарското Министерство за надворешни работи соодветно одговорило на провокацијата.

Слави Трифонов од партијата Има таков народ вчера кажа дека Македонците се неблагодарни и дека преку криви макарони ќе ја видат ЕУ.  Мицкоски вчера изјави дека суштинското прашање е зошто во Македонија, каде има околу 700-800 Бугари, кои се декларираат дека мајчин јазик им е бугарскиот, треба да бидат ставени во Уставот, додека Албанија со 8.000 Бугари според бројките од пописот, го нема тој услов.
Македонија не ги почна преговорите токму поради ова барање на Бугарија. Албанија веќе преговара со ЕУ. Двете земја беа раздвоени на патот кон ЕУ. 
Слично

Поврзани вести