Борисов во постојана комуникација со Заев за урнатиот авион
Бугарскиот премиер Бојко Борисов од вчера вечерта е во постојана комуникација со премиерот Зоран Заев.
„Од минатата ноќ сме во постојана комуникација со Заев за паднатиот авион. Тамошните власти прават се што е во нивна моќ за пронаоѓање на паднатиот авион, но местото каде што се урнал е многу тешко пристапно. Нашиот хелихоптер е спремен уште од вчера, доколку од соседите се побара дополнителна помош во потрагата. Се надевам дека брзо ќе добиеме нови информации.“, изјави Борисов за бугарската телевизија Би ти ви.
Повеќе детали за анализатаКобно македонско небо – Има ли недостатоци во процедурите?, читајте овде
Повеќе детали за загинатото семејство прочитајте овде
Слично
