Борисов тврди дека Руте и Макрон се ангажираат и Македонија ќе почне преговори
Според екс бугарскиот премиер Бојко Борисов, до крајот на годинава ЕУ ќе ја понижи Бугарија и ќе почне преговори со Македонија и Албанија.
Објаснува дека за таа цел, директно се ангажираат и холанскиот премиер Марк Руте и францускиот претседател Емануел Макрон. Борисов го напаѓа претседателот Румен Радев за ваквата политика.
Деновиве Албаниан пост објави дека Макрон во писмо до француските амбасадори во земјите на ЕУ посочил два конкретни датуми, 14 декември за решавање на бугарско македонскиот застој, и 31 како конечен рок за почеток на преговорите за Македонија и Албанија. Инаку, Руте деновиве беше во посета на Скопје.
Слично
