Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борисов: Терминот „заедничка историја“ дава перспективи, а не разделби

Борисов: Терминот „заедничка историја“ дава перспективи, а не разделби

Пред само неколку минути премиерот на Македонија, Зоран Заев и неговиот бугарски колега Бојко Борисов ги ставија своите потписи под „Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија“.

„Од денес Бугарија е уште подобар пријател на Република Македонија“, забележа премиерот Зоран Заев веднаш по потпишувањето. 

„Потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка покажува дека таму каде што има политичка волја, прашањата ќе се решат. Бугарија и Македонија направија историски чекор напред заедно“, додаде тој.

Од своја страна, премиерот Бојко Борисов изрази оптимизам дека по 10 години резултатите од Договорот за добрососедство ќе бидат видливи и за двете земји. 

„Можеше ли да не го потпишеме овој договор - можеше. Со години не е потпишан. Затоа сакам да им честитам на премиерот Заев, министрите за надворешни работи и тимовите работеа неколку месеци исклучително активно, за да го имаме потпишаниот денес договор со толку убаво име - за добрососедство“ , посочи бугарскиот премиер.


„Не знам дали за прв пат, но меѓу нашите две држави, без ментори и посредници сме дошле до заклучок дека мирот, пријателството и добрососедството е поважно од сè друго. Тоа неи прави силни, независни и значајни. Гледајќи наназад ќе се сопнеш и ќе паднеш, затоа решивме да гледаме напред и сум убеден дека по 10 години резултатите од оваа средба ќе бидат истакнати за двете земји“, рече уште Борисов.

Слично

Поврзани вести