Борисов се сретна со Пендаровски: Тој е првиот македонски политичар кој јавно ја кажа вистината
Разговарав со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски. Се радувам што конечно вистината за нашата заедничка историја, вклучително и за Гоце Делчев, почна да се изнесува во јавноста на ниво на политичари, објави Бојко Борисов, премиерот на Бугарија, по средбата со државниот шеф на Македонија на Самитот на ПСИЈЕ во Сараево.
- Македонскиот претседател е првиот македонски политичар кој ги кажа нештата на најправилен начин - дека Гоце Делчев е Бугарин и дека отишол да се бори за слободата и автономноста на Македонија. Неговиот подвиг треба да не обединува, истакна Борисов.
Тој додаде дека ќе се ибидат како политичари да ја заврзаат работата на комисиите од двете страни составени од историчари и експерти во согласност со договорот за добрососедство.
