Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борисов се надева дека 150 години од раѓањето на Делчев ќе одбележат заедно со браќата од Македонија

Борисов се надева дека 150 години од раѓањето на Делчев ќе одбележат заедно со браќата од Македонија

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов се надева дека идната година Македонците и Бугарите заедно ќе го чествуваат херојот Гоце Делчев. 

Како што вели со браќата од Северна Македонија, следната година ќе ја прослават 150-годишнината од раѓањето на Делчев. 

„Денеска се навршуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев – војвода, активист на македонско-одринското револуционерно ослободително движење, меѓу нашите најистакнати заеднички историски херои. Се надевам дека имаме мудрост следната година, заедно со нашите пријатели и браќа од Северна Македонија, да го прославиме неговиот 150-годишен јубилеј, обединети и заедно на патот на европската интеграција“, рече Борисов.

Но, овој ден беше повод за кавги меѓу македонски и бугарски политичари. 

Слично

Поврзани вести