Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борисов: Ние сме за единствена Македонија и за членството во НАТО и ЕУ

Борисов: Ние сме за единствена Македонија и за членството во НАТО и ЕУ

Премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, на средбата денеска во Софија изразија подготвеност историјата да не ги разделува двата народа, туку да ги зближи.

Борисов порача дека Македонија има историска шанса и најави дека ќе разговара со своите колеги во Брисел за пристапот на Балканот во ЕУ.

„Ние сме за единствена Македонија и за членството во НАТО и ЕУ“- рече Борисов. 

Двајцата премиери ќе го посетат споменикот на Цар Самоил во Софија.

Како што најави Заев, ќе биде потпишан и договорот за добрососедство. Тој вели дека се доближени ставовите со цел зближување на двата народи. Заев рече дека е среќен затоа што имаме пријател како Бугарија. 

Борисов вети дека ќе работат и со Грција за решавање на проблемите, затоа што дестабилизацијата на Македонија значи дестабилизација на нивните граници. 

Слично

Поврзани вести