Борисов: Македонија експериментално во „Балканската четворка“
Бојко Борисов, премиерот на Бугарија, по денешните средби со унијата на жени на неговата владеачка партија ГЕРБ истакна дека во иднина Македонија ќе биде вклучена експериментално во Балканската четворка.
Во оваа група членуваат Бугарија, Грција, Србија и Романија и на редовни заеднички средби на политичките лидери од овие четири земји се договараат заеднички проекти.
Инаку во рамките на Европската унија има уште една регионана група Б4 која ја сочинуваат Романија, Хрватска, Бугарија и Грција, која е пандан на Вишеградската група составена од Унгарија, Полска, Чешка и Словачка.
Слично
