Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борисов и Захариева со соопштенија ја смируваат јавноста по блокирањето на Македонија

Борисов и Захариева со соопштенија ја смируваат јавноста по блокирањето на Македонија

Бугарската влада и бугарското министерство за надворешни работи синоќа со две соопштенија наменети за својата јавност мораа да ги објаснуваат последните случувања поврзани со блокирањето на почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ.

„Софија и Берлин се заинтересирани да најдат решение за прашањето со Република Северна Македонија“, се вели во соопштението на владината прес-служба. Причината е комуникацијата помеѓу премиерот Бојко Борисов и германската канцеларка Ангела Меркел. 

Таа одговарајќи на критичко прашање на свој пратеник-сопартиец во бундестагот рече дека „уште еднаш разговарала со бугарскиот премиер Бојко Борисов и дека се надева дека овие прашања ќе се надминат во блиска иднина“.

„Бугарија има целосно разбирање од нејзините европски партнери за мерките превземени од страна на Софија, но за да има дијалог, ова мора да го посакаат и спроведат и двете земји“ се додава во соопштението на бугарската влада.

Во исто време, Министерство за надворешни работи, предводено од Екатерина Захариева, жали за ветото за заклучоците за проширувањето на Советот на Европската унија од страна на Чешка и Словачка, но од таму велат дека тоа нема ништо заедничко со Македонија.

„Тие денес беа неочекувано блокирани од две земји-членки без образложение за време на денешниот Совет. Заклучоците на Советот на Европската унија за проширувањето немаат ништо заедничко со процесот на одобрување на рамките за преговори со Албанија и Северна Македонија“, гласи соопштението на бугарското МНР.


Слично

Поврзани вести