Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борисов го сподели видеото на денот: Се вози и ја слуша „Корона Чао“ (ВИДЕО)

Борисов го сподели видеото на денот: Се вози и ја слуша „Корона Чао“ (ВИДЕО)

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вечерва ја сподели преработката на песната „Бела чао“ од Драган Спасов – Дац и Александар Митевски - „Корона чао“. На видеото с егледа како Борисов се вози со неговиот автомобил, ја слуша песната и е видно расположен.

Во објаснувањето на постот напишал:

„Само со заеднички напори, борбеност и дисциплина ќе се справиме со коронавирусот. Им благодарам на сите бугарски државјани кои ги почитуваат правилата. Само така ќе се вратиме на нашите нормални живот. Благодарност и до Дац и Александар. Северна Македонија може да смета на нашата поддршка“, напиша бугарскиот премиер на својот профил на Фејсбук 

Дац и Александар подоцна се заблагодарија:

„Голема благодарност до премиерот на Р Бугарија, Бојко Борисов кој тукушто испрати порака на заедништво и поддршка за нашата земја во борбата со овој вирус. Преку нашата песна "КОРОНА ЧАО" која спојува и носи оптимизам секаде. Песната не знае за граници и јазици, стои во постот на фејсбук.

Придружувани од Brasstet Skopje направија одлично музичко парче, кое ќе биде апсолутен хит овој период. Уживајте: 



Слично

Поврзани вести