Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борисов го нападна Петков и кажа што мисли за францускиот предлог

Борисов го нападна Петков и кажа што мисли за францускиот предлог

Францускиот предлог за отстранување на ветото за Македонија е топ тема кај источниот сосед. 

И таму има различни ставови. 

„Петков не може да придвижи напред ништо што е поврзано со Северна Македонија и Албанија“, вели екс премиерот на Бугарија и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов. 

Тој е убеден дека актуелниот премиер не е во состојба да го реши билатералниот спор меѓу властите во Софија и Скопје, јави БГНЕС.

„Ја гледате ли подлоста? Тој се обидува тајно да договори нешто што ќе излезе пред јавноста, гледате дека се случува, но не затоа што тој e лош, туку парламентот така одлучил. Не, до ден-денес јасно е дека Петков не може да придвижи напред ништо што е поврзано со Северна Македонија и Албанија“, рече Борисов.

Бугарскиот премиер Кирил Петков во петокот изјави дека лично не го ни прочитал францускиот предлог. Вчера тој кажа дека ако нема одлука на парламентот, нема да донесе одлука за укинувањето на ветото за за почеток на преговорите на Македонија за влез во ЕУ. Во Македонија опозицијата е против овој предлог, го оцени како уцена и смета дека власта треба да го отфрли. 

Во Бугарија, претседателот Румен Радев е задоволен, смета дека предлогот е чекор напред, но има и многу други барања. 

Слично

Поврзани вести