Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борисов ги прозва Македонците, а еве каков одговор му врати Заев

Борисов ги прозва Македонците, а еве каков одговор му врати Заев

Премиерот Заев изјавата на бугарскиот колега дека „Македонците треба да созреат за да добијат датум за преговори со ЕУ“ ја оцени како добрососедска истакнувајќи дека Борисов веќе го докажал големото пријателство.

-Она што го порача бугарскиот премиер Борисов е добрососедски и тоа како, бидејќи тој веќе го покажа големото пријателство во однос на РСМ во многу важни моменти-изјави премиерот.

Како што истакна, „тие се (Бугарија) авангарда во нашата борба за добивање одлука за датум за пристапување во ЕУ“ и додал дека таквите зборови може да „направат да бидеме повнимателни и посветени“.

Заев нагласи дека не треба да заборавиме дека е постигнат договор за пријателство и дека под тоа пријателство прифаќаме дека ќе “работиме посветено кон иднината и дека ќе ги затвориме сите отворени прашања“.

-Убеден сум дека ќе најдеме решение за отворените прашања кои моментно се присутни во јавноста-заклучи Заев.

Односите меѓу Софија и Скопје повторно се влошија во последните недела дена, откако бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева истакна дека Бугарија нема да преговара за националната припадност на Гоце Делчев, утврдувајќи дека тој (Гоце Делчев) е Бугарин и дека од Северна Македонија не бараат ништо повеќе освен вистината.



Foto: AP, EPA


Слично

Поврзани вести