Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОРИСОВ ДО МАКЕДОНИЈА: Да продолжиме заедно напред, врз основа на почитувањето и спроведувањето на Договорот за пријателство

БОРИСОВ ДО МАКЕДОНИЈА: Да продолжиме заедно напред, врз основа на почитувањето и спроведувањето на Договорот за пријателство

Поранешниот премиер на Бугарија и претседател на ГЕРБ, Бојко Борисов, по вчерашното гласање за извештајот за Македонија во Европскиот парламент, изјави дека повторно им се обраќа на своите пријатели во Македонија.

„Да продолжиме заедно напред, врз основа на почитувањето и спроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство. Во мое име и во име на Бугарија, тие секогаш ќе имаат искрен и близок партнер. Ова е јасен знак дека кога Бугарија е обединета, кога сите пратеници, институции и политички сили дејствуваат заедно, можеме да постигнеме резултати и да го браниме националниот интерес на највисоко ниво во Европа. Посебна благодарност до Андреј Ковачев и нашето семејство, Европската народна партија“, рече Борисов за одлуката на ЕП да го отфрли „македонскиот идентитет и јазик“ од извештајот подготвен од Томас Вајц, објави БГНЕС.

Борисов додаде дека во последните недели имал многу разговори со европски лидери и партиски лидери во ЕУ, каде што им објаснил дека европските документи не треба да се користат за националистичка пропаганда, туку како што вели, тие треба да служат на добрососедството. 

Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас денеска од Охрид позитивно го оцени Извештајот на Европскиот парламент, истакнувајќи дека тој дава силна поддршка на интегративните процеси на државата и ги поддржува реформските процеси, особено реформите во правосудството, борбата против корупцијата и останатите предизвици со кои се соочува државата.

foto BGNES

Слично

Поврзани вести