Борисов бара да не се пропушти моментот за датум
Бугарскиот премиер Бојко Борисов во Минхен вчера изјави дека има ретка шанса, цела Европа сака да даде перспектива на Република Северна Македонија и Албанија и воопшто на Западен Балкан.
Но, вели дека расте чувството дека колегите таму не сфаќаат колку е важен моментот и дека секој внатрешнополитички настан нема никакво значење за овие земји, ако се пропушти овој момент.
За Бугарија рече дека стои стабилно во регионот и дека е атрактивно место за инвестиции.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе им овозможи на Северна Македонија и на Албанија да ги почнат разговорите за пристапување во Европската унија доколку следниот месец извештаите на Европската комисија за двете земји бидат позитивни.
Слично
