Борис Дамовски останува во притвор
Апелацискиот суд ја одби жалбата на одбраната на Борис Дамовски, со што тој останува во притвор во затворот во Шуто Оризари.
Дамовски прво беше во домашен притвор, но по жалбата на Обвинителството, Кривичниот совет на Основниот суд ја преиначи претходната одлука и му определи 30 дневен притвор.
Апелацискиот суд досега ги одби жалбите на сите осомничени кои побараа да им биде укината мерката притвор и да им биде определена поблага мерка за обезбедување на присуство на осомничените за настаните во Собранието на 27 април.
Слично
