Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борел уверува дека Македонија и Албанија нема да бидат раздвоени на патот кон ЕУ

Борел уверува дека Македонија и Албанија нема да бидат раздвоени на патот кон ЕУ

Постои многу силна поддршка за одржување на првата меѓувладина конференција и нема поддршка за раздвојување на Македонија и Албанија. Ваква порака денеска е испратена од Брисел. 

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел. 

„Дозволете ми да нагласам многу јасно дека нема поддршка за раздвојување ниту во институциите на ЕУ, ниту меѓу земјите-членки. Северна Македонија ги исполни потребните услови за започнување на пристапните преговори и слично како и Албанија заслужува да продолжи во следната фаза од процесите без одложувања“, порача Борел. 

Заев вели дека тој и делегацијата имаа јасна мисија овие денови во Брисел, а тоа е да ја пренесат пораката од македонските граѓани до официјалните претставници на ЕУ дека работевме напорно, испорачавме и дека сакаме да и го дадеме нашиот фер-удел на иднината на Европа.

„Ние сме посветени на нашите заеднички вредности и на спроведувањето на стандардите и критериумите на ЕУ. И, ние не сакаме да стоиме и да чекаме повеќе. Ние сакаме да се движиме затоа што движењето напред е европски начин. Ние сме за мобилност, а не за sидови“, порача премиерот. 

Претходно, се споменуваше дека е можно раздвојување на Албанија и Македонија на патот кон ЕУ. Вакви предлози имаше и од соседна Бугарија. Доколку не го реши спорот со Бугарија, Македонија нема да ги почне преговорите. Се спори околу одредени историски прашања. 

Слично

Поврзани вести