Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борел тврди дека не постои намера за одвојување на Албанија и Македонија

Борел тврди дека не постои намера за одвојување на Албанија и Македонија

Министрите за надворешни работи на Унијата се согласиле дека не постои намера за одвојување на Албанија и Македонија за почеток на преговори. 

Ова го потврди високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Јосеп Борел. 

„За време на нашата дискусија имаше договор за потребата за Западен Балкан да ги забрза реформите за ЕУ и да се засили позитивниот и конструктивен наратив. Мораме да продолжиме со процесот на пристапување на Албанија и Македонија и патем речено, никогаш немаше некаква намера за одвојување на двете земји во процесот на пристапување,“ рече Борел.

Кажа дека идната недела се поканети на вечера лидерите на шест земји од Западен Балкан, на разговори за стратегијата на ЕУ во регионот.

Не е можно да се раздвои патот за членство во ЕУ на Македонија и Албанија, изјави премиерот на Македонија, Зоран Заев за Еуроњуз.

Слично

Поврзани вести