Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борел до Македонија и Западен Балкан: Не се преправаме дека ве сакаме

Борел до Македонија и Западен Балкан: Не се преправаме дека ве сакаме

Шефот на европската дипломатија, Жозеф Борел, рече дека ЕУ вложува многу пари во Западен Балкан и дека не е фер да се каже дека Брисел само глуми дека ги сака земјите од регионот да бидат примени како членки.

„Ние сакаме да им помогнеме на земјите од Западен Балкан да се приближат до нас, да влезат во системот на ЕУ. Не е точно дека само се преправаме дека сакаме земјите од Западен Балкан да влезат во ЕУ“, рече тој. 

Претставникот за надворешна политика и безбедност смета дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е процес кој се одвива „чекор по чекор“.

„ Ќе започнеме пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија. Повторно започнавме преговори меѓу Србија и Косово со специјален пратеник (Мирослав Лајчак) и мислам дека го поставивме тој дијалог на пат“, вели Борел.

Тој исто така веднаш додаде: „Тие земји имаат иднина во ЕУ, но тие земји мораат да ги завршат своите домашни задачи: да спроведат реформи, да ги исполнат стандардите што се однесуваат на сите членки“.

"Но, ние продолжуваме со процесот на проширување, чекор по чекор. Безвизниот режим е реалност, можеби не за сите земји од Западен Балкан. Ние го насочивме дијалогот меѓу Белград и Приштина на вистинскиот пат. ЕУ му помага на Балканот многу повеќе од другите, но можеби не сме добри во пропагандата „Девет милијарди евра е нашиот економски план за Западен Балкан“, нагласи Бореj.

Тој вели дека европскиот блок инвестира многу повеќе пари од Кина, Русија и Турција на Балканот, но дека можеби ќе треба подобро да објаснат што и зошто тоа го прават.

"Ние помагаме, но бараме реформи, а другите не бараат. Реформите што ги бараме не се мода, туку им се потребни на тие земји и на нивните луѓе, како што е искоренување на корупцијата. Штета е ако некои луѓе мислам дека само се преправаме. Не е фер. “, оцени тој.


Слично

Поврзани вести