Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борче се заглавил во шахта на кабли, бил дехидриран и преплашен

Борче се заглавил во шахта на кабли, бил дехидриран и преплашен

Спасено е куче кое било фрлено во шахта во близина на хотелот „Континентал“. Дојавата за кучето била од МВР до ЈП Лајка, кои алармирале дека кучето ги изгризало каблите во шахтата, поради што полициската станица Гази Баба, немала струја.


Од „Лајка“ испратија ветеринар на терен, кој го извлече кучето од шахтата, кое било со ланец замотано во кабли.

Докторот по ветеринарна медицина Виктор Груев го спаси кучето паднато во шахта во централното зеленило спроти хотел Континентал.


Се работеше за насилно отворена шахта со длабочина од 2,5 метри во која се наоѓаше беспомошното куче, видно исплашено и дехидрирано. Истото беше замотано во кабли од кои внимателно е извадено и безбедно е сместено во транспортер.

По прегледот во ветеринарната служба на ЈП ЛАЈКА и тестирањето на кучето е констатирано дека нема видливи повреди и е позитивно на ерлихија.


Кучето нема микрочип па го доби името Борче и ќе подлежи на хуманиот третман за бездомни кучиња, велат од Лајка.


Слично

Поврзани вести