Борче Јовчески против Горан Сугарески во Прилеп?
ВМРО-ДПМНЕ синоќа на партиска трибина потврди дека докторот Борче Јовчески ќе биде кандидат за градоначалник на Прилеп.
Генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски најави дека одлуката ќе биде официјализирана и на седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а истото го потврди и пратеникот Антонијо Милошоски на социјалните мрежи.
Инаку Јовчески е актуелен советник во Советот на Општина Прилеп, а по професија е специјалист по ортопедија.
Од редовите на СДСМ засега е познато дека кандидатура до партиските тела поднесе поранешниот министер за транспорт и врски Горан Сугаревски, кој во меѓувреме си поднесе оставка како директор на Царинската управа.
Слично
