Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Борбата против високата корупција се суштински дел од националната безбедност“: се огласи директроот на АНБ, Христовски

„Борбата против високата корупција се суштински дел од националната безбедност“: се огласи директроот на АНБ, Христовски

Финансиската безбедност и борбата против високата корупција денес се суштински дел од националната безбедност. Како директор на Агенцијата за национална безбедност, силно верувам дека навремената детекција на ризици и сериозни злоупотреби е клучна за заштита на стабилноста на институциите и довербата на граѓаните.

Ова го посочи денеска директорот на АНБ, Бојан Христовски преку порака објавена на социјалните мрежи.
- Во изминатиот период, преку засилени оперативни и аналитички капацитети и соработка со надлежните институции, придонесовме кон отворање на важни предмети поврзани со сериозен финансиски криминал и висока корупција.

Нашата задача е јасна – да ги препознаваме ризиците, да ги анализираме и навремено да ги споделуваме со институциите што постапуваат. Ќе продолжиме посветено да работиме на заштита на безбедноста, стабилноста и иднината на државата - нагасува Христовски. 



Слично

Поврзани вести