Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОРБАТА ПРОТИВ ДОЛЖНИЧКОТО РОПСТВО ТРАЕ: Се трудиме од петни жили- Активистката Глигорова се огласи за измените на законот за облигации

БОРБАТА ПРОТИВ ДОЛЖНИЧКОТО РОПСТВО ТРАЕ: Се трудиме од петни жили- Активистката Глигорова се огласи за измените на законот за облигации

Граѓанската активитска, Ана Глигорова, како што и се очекуваше, се огласи на Фејсбук околу измените на Законот за облигациони односи, за чија измена таа долго време се бореше.

„ Денеска со гласањето на промени во Законот за облигациони односи и два други закона во Собрание на пленарна седница се доби-

Застарувањето на побарувањата да биде 5 години.

Казнената камата не смее да го надмине основниот долг.

При земањето на банкарски кредити при наплата на кредитот не смее да надмине плус 60 проценти од главницата.

Најважен е фактот дека од моментот кога промените ќе влезат во Службен весник, ќе стапат во сила, ќе постои ретроактивност.

За промените гласаа пратениците на СДСМ со нивните коалициони партнери, 63 гласа ,ВМРО ДПМНЕ и Левица не гласаа, од само за нив познати причини.

Борбата против должничкото ропство трае, десетта година веќе се трудиме од петни жили, направивме промени, ние граѓанскиот сектор, Но Пасаран, Човекот над профитот, КСОМ, Стоп за грабежот, протести, иницијативи.Се движи позитивно во моментов.“, напиша таа.



Слично

Поврзани вести