Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА: За Центарот за македонски јазик во Лерин правда ќе бараат и во Стразбур

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА: За Центарот за македонски јазик во Лерин правда ќе бараат и во Стразбур

Од Центарот за македонски јазик во Лерин велат дека борбата продолжува. Ќе ја
обжалат одлуката на Апелацискиот во Кожани во Врховниот суд во Грција, а потоа и во Стразбур. 

Активистите од Центарот за македонски јазик во Лерин се категорични во својата намера да ја продолжат борбата за Центарот за македонски јазик во Лерин во соседна Грција.

Центарот за македонски јазик беше регистриран во Лерин пред две години и беше првата организација која директно се грижи за македонскиот јазик. Ваквиот чекор тогаш беше поздравен и протолкуван како признавање на македонскиот јазик од Грција.

Иако судот во Лерин лани ги отфрли сите тужби од неколку грчки ултранационалистички организации и мали партии и ја потврди законитоста на регистрацијата на оваа невладина организација, сепак грчка Апелација постапувала по приговор на јавниот обвинител од Лерин за укинување на првостепеното судско решение со кое се основа ова невладино здружение на Македонците во Грција.

Слично

Поврзани вести