Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА: Инспекторот Илиевски поднесе нови документи до Антикорупциска

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА: Инспекторот Илиевски поднесе нови документи до Антикорупциска

До Државната комисија за спречување на корупцијата, инспекторот Ѓорѓи Илиевски денеска поднесе нова пријава за случајот со наводното незаконско унапредување во наставно-научни звања на тројцата функционери oд власта, Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули.

Таа е против вонредниот инспекцискиот надзор извршен од Државниот просветен инспекторат на Тетовскиот универзитет. Во истиот надзор е утврдено дека  Адеми, Нухиу и Емрули законски напредувале во наставно-научни звања, а за што Илиевски смета дека вонредниот надзор е извршен во согласност со новиот Закон за високо образование за што тврди дека е противуставно и спротивно на законите. 

„Јас за сето ова го информирав и премиерот Зоран Заев, а тој ми одговори во порака дека унапредувањето е согласно новиот Закон за високо образование од 2018 година и дека нема никакви пречки. Според премиерот, тие биле вработени трајно на универзитетот. Не знам кој го советува премиерот, но асистентите, доцентите и вонредните професори не се вработени трајно, туку тие се на определен рок, затоа и ја имаат таа привилегија за продолжување на роковите по завршувањето на нивниот мандат“ - изјави Илиевски.

Илиевски дополнително тврди дека врз одлуките на второстепената комисија притисок вршеле министерот за образование, Арбер Адеми и премиерот.

Слично

Поврзани вести