Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се носи нов ДУП за охридското крајбрежје, нема ски центар на Галичица

Ќе се носи нов ДУП за охридското крајбрежје, нема ски центар на Галичица

Поништени се плановите и проектите за ски центар и пат низ Националниот парк Галичица, како старите проекти за туристичко-развојните зони кои на ниту еден начин не се вклопуваа со критериумите што го определуваат статусот на Охридското Езеро и природното и културно наследство на Охридскиот регион на листата на УНЕСКО, соопштија денеска од Владата. Оттаму известија за неопходност од преземање итни мерки и активности, како и највисока подготвеност на сите чинители вклучени во процесот за да се отстранат опасностите по Охридското Езеро и неговото природно и културно наследство, согласно насоките на УНЕСКО. Тоа велат оттаму е од врвен приоритет и на новиот состав на Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, која, во координација со владиното интер-ресорско тело со кое претседава претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев е вклучена во подготовката на Извештајот за напредокот за 2020 година кој нашата држава треба да го достави до Центарот за светско наследство на УНЕСКО до 1 февруари оваа година.

Велат дека во овој извештај ќе влезат сите значајни активности и мерки коишто нашата држава ги реализираше во насока на зачувување на статусот на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион се, како што е формирањето и функционирање на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и Акцискиот план за постапување по Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО од 2017 година.

Во соопштението се наброени сите направени работи, а стои дека ќе има нов ДУП за охридското крабрежје за како што се вели, се стави крај на проблемите со узурпацијата на крајбрежјето и на водите на езерото.

„Во контекст на новите генерални урбанистички планови за градовите Охрид и Струга, за да се примени Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО и да се спречат активности кои негативно влијаат врз исклучителната универзална вредност на природното и културното наследство во Охридскиот Регион, во текот на оваа година Министерството за транспорт и врски ќе донесе ДУП од државно значење за целото крајбрежје на Охридското Езеро со што се очекува да се решат проблемите со сите видови урбана узурпација на крајбрежјето и водите на езерото., стои во владиното соопштение.


Општина Охрид, согласно препораките на УНЕСКО, веќе изработи посебен регистар на нелегални градби за подрачјето на општината како база на податоци во која се внесени се вкупно 1.076 досиеја за нелегални градби во периодот од 2006 година до мај 2019 година.


Слично

Поврзани вести