Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОРБА СО КУЧИЊА - ЗОШТО ПОЛИЦИЈАТА НЕ РЕАГИРА? - загрижувачка објава на социјалните мрежи (ФОТО)

БОРБА СО КУЧИЊА - ЗОШТО ПОЛИЦИЈАТА НЕ РЕАГИРА? - загрижувачка објава на социјалните мрежи (ФОТО)

- Ликови, добро познати и на полицијата, си организираат борби и мува не ги лази (заради наша безбедност моравме да ги цензурираме лицата). Со пехари, со присуство на лица од други градови и држави (претходно во кампот Андон Дуков се организираа, и ширум други струшки и тетовски села), со цела организираност која е апла воочлива и за полицијата која со години никого не санкционирала (од наши извори дознавме дека еднаш и била набркана кога по пријава отишле на сред една ваква борба полна крвопролевање на недолжни битија) - пишува во Фејсбук објавата на „Лајка“.

Со овој ужасен чин се прекршуваат низа законски одредби.

- Кутри животинчиња, недолжно измачувани и злоупотребувани заради нечии психички и душевни изместувања. Од овие зла, подлога се создава и за зла учинувани и врз луѓе, тешко таа држава која таа вистина не умее или не сака да ја воочи - велат од „Лајка“.

Нивната објава проследена со вознемирувачки фотографии и извадоци од законите кои не се почитуваат може да ја видите и самите:


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести