Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОРБА ПРОТИВ ВИСОКА КОРУПЦИЈА - За „заборавен“ трансфер од три милиони денари, Ден Дончев доби казна од 150 евра

БОРБА ПРОТИВ ВИСОКА КОРУПЦИЈА - За „заборавен“ трансфер од три милиони денари, Ден Дончев доби казна од 150 евра

Димитар Апасиев, пратеникот на Левица, се шегува со висината на казната од 150 евра што ја доби екс директорот на ФЗО, Ден Дончев.

„Нема трте-мрте. Се бориме против високата корупција“, напиша Апасиев.

А како што е познато, вчера беше соопштена веста дека поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, добил казна од Антикорупциската комисија во висина од 150 евра.

Ова следува откако тој, и покрај неговите тврдења во март лани, дека три милиони денари од австралиска фирма му биле префрлени законски, сепак, тој заборавил овие пари да ги пријави и да направи промена на имотната состојба.

Дончев всушност доби прекршочна санкција за непријавување на промена на имотна состојба и му беше одредена казна од 150 евра.

Како што се сеќаваме, минатата година во медиумите се појави видео на кое се гледа како Ден Дончев од едно лице зема купче со пари и ги става во својта торба. Токму за името на Дончев се поврзуваа повеќе афери, ама истиот не никогаш не оговараше пред лицето на правдта, а не се знае дали се уште се наоѓа во Македонија.

Слично

Поврзани вести