Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бонева вратила два патни налози од ДИК

Бонева вратила два патни налози од ДИК

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева ги повлекла сметките за патни трошоци за јули и за август што претходно веќе ги имала доставено до ДИК, пренесе Алсат – М.

Бонева пред неколку недели се најде на удар на јавноста откако излегоа информации во јавноста дека за 6 месеци само за патни трошоци од Државната изборна комисија добила 12.000 евра.

Пратеничката од владејачката партија и претходно беше критикувана од јавноста затоа што за само една година, како пратеник за патни трошоци земала 23 илјади евра. Законот за плати и други надоместоци за

избрани и именувани лица, сепак остава простор да се исплаќаат толку високи суми за патни трошоци, но засега никој не го покренал прашањето за измена на членот кој го дозволува тоа.


Слично

Поврзани вести